Сакајќи да ги обединат малубројните физичари кои работат во медицината, да ја промовираат важноста на физиката во современата медицина и да остварат официјална професионална комуникација со колегите во светот, неколкумина ентузијасти во 2000 година во Скопје го основаа Здружението за медицинска физика и биомедицински инженеринг како прво и единствено здружение од ваков вид во Македонија. Во моментов здружението брои 24 редовни члена кои вообичаено се состануваат неколкупати годишно за да дискутираат за проблемите со кои се соочуваат на работните места, да презентираат некоја работна активност пред останатите колеги или да дискутираат за пронаоѓање начини за афирмирање на здружението во Републиката и пошироко. |